Американскиот претседател Доналд Трамп во денешните телефонските разговори со мексиканскиот претседател Енрике Пеља Нието и премиерот на Канада Џастин Трудо, истакна дека САД нема да се повлече од Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА).
Претседателот Трамп се согласи засега да не се прекинува дејствувањето на НАФТА, стои во соопштението на Белата куќа.
Наместо тоа, тој се договорил со Нието и Трудо „да постапуваат брзо, според интерните правила за повторни преговори на трговскиот договор“, за доброто на трите земји.
Белата куќа наведе дека американскиот претседател остварил „пријатен и продуктивен разговор“.
– За мене е чест да го модернизирам НАФТА преку преговори. Верувам, дека крајните резултати ќе ги направат овие три земји посилни и подобри, истакна Трамп.