Рејтингот на државниот долг на Хрватска, Standard and Poor’s го прогласи за ѓубре. Тие тврдат дека државата нема доволно капацитет за структурни и фискални промени кои промовираат раст и ги прават државните финансии одржливи.
Државниот долг (op.pr) се обврзниците издадени од страна на владата во странска валута за финансирање на растот на државата. Државниот долг е обично поризична инвестиција во случај на земја во развој, а побезбедна доколку земјата е развиена. Стабилноста на владата која ги издала обврзниците е важен фактор за разгледување кога се прави проценка на ризикот од инвестирање во државниот долг. Рејтингот на државниот долг им помага на инвеститорите да утврдат колкав е ризикот.
Хрватскиот долгорочен кредитен рејтинг е намален за еден степен на ББ +, што е најниско инвестициско ниво, а краткорочниот падна исто така за еден степен – на Б, рекоа од S&P во соопштението денес. Двата рејтинга се со стабилни изгледи, што покажува дека S & P веројатно ќе ги задржи и понатаму.
Хрватска, која треба да стане 28 Членка на Европската унија во јули 2013-година, се бори да се одбрани од обновената рецесија. Владата на 19 Ноември соопшти дека ќе го зголеми буџетскиот дефицит бидејќи се враќаат долгови и почнува со придонеси за ЕУ. Владата исто така ги намали прогнозите за 2012 година, со намалување од 1,1%, наведувајќи ја “инвестициската суша” поради европската должничка криза.
“Реформите не се случија, ниту првичниот план за намалување на јавната потрошувачка”, изјави Здеслав Шантиќ, првиот економист на локалната единица на Сплитска Банка која припаѓа на Societe Generale денеска по телефон. Намалувањето на рејтингот исто така “не е добра вест за министерот за финансии Славко Линиќ кој има намера да го продаде долгот на почетокот на следната година”.