Биохемичарката од САД, Пеги Витсон (57), држи неколку рекорди, меѓу кои и – највозрасна астронаутка, која како дел од три мисии на НАСА, најдолго престојувала во Вселената, надминувајќи го својот колега Џеф Вилијамс, кој има поминато вкупно 534 дена во орбитата на Земјата, јави Би-Би-Си.
Моментно, Пеги е на својата трета мисија на Меѓународната вселенска станица (ИСС), а овој месец ја презеде и главната команда, од својот сонародник, Шејн Кимброу. Нејзиниотѕ тим ќе се врати на Земјата наредниот месец.
Таа ќе биде запаметена и по своите рекордни шест „вселенски прошетки“ околу ИСС, со вкупно времетраење од 39 часа и 46 минути.
НАСА моментно располага со 321 астронаут, од кои само пет се жени.