Вознемирувачка глетка забележаа камерите на улиците на сирискиот град Алепо.
Припадник на бунтовничките сили во Сирија, седумнаесетгодишниот Абдула
забележал како снајперист погодил жена на улица.
Абдула не чекал ниту еден момент и ползејќи се обидел да дојде до жената за да ја спаси.
„Мислевме дека е сеуште жива. Сакавме да ја спасиме, да ја однесеме во болница“, рече Абдула за CNN.
Но додека ползел до погодената жена, околу него почнале да фрчат куршуми, а неговите соборци почнале да викаат на цел глас „покривај го, покривај го“.
Целата случка е снимена и за рекордно време ја обиколи земјината топка.
Додека Абдула беше под канонада од куршуми, на снимката може да се види како жената на кратко ја помрднува нејзината рака, а Абдула вика:
„Ако умрам, тогаш тоа е Божја волја да умрам покрај оваа жена“.
Кога успеа да и се приближи, заврза јаже околу неа и потоа избега во засолнише., од каде тој и неговите соборци ја повлекоа на сигурно.
За жал, жената заврши трагично. Таа почина пред да успеат да ја повлечат на сигурно.
A.A.