Денес Проектот на УСАИД и LCIF за деца со пречки во видот организираше адаптирани спортски активности со децата со оштетен вид во училиштето „Вудроу Вилсон“ во Тетово.
Спортските активности беа подготвени од страна на тимот на Проектот, во соработка со Државниот универзитет за физичко образование, спорт и здравје, и имаат за цел да ја зголемат социјалната инклузија на децата со пречки во видот преку спортски игри и активности. Околу 50 деца учествуваа во активностите со родителите и вработените во училиштето. Во текот на многутте традиционални спортски игри учесниците имаа превез во очите со цел да соживуваат и имаат еднакви можности во однос на децата со пречки во видот.
Гзим Исмаили, ученик во 3-то одделение кој следи настава и во Ресурсниот центар за деца со пречки во видот во училиштето „Вудроу Вилсон“, беше многу среќен што беше дел од овој настан.
„И покрај тоа што конкуренцијата беше тешка, јас успеав да победам во некои игри. Но, тоа не е важно на крајот од денот. Тоа што е важно е дека се забавував, и се чувствувам полн со енергија и среќен што запознав нови пријатели“, рече Гзим.
„Ова беше ретка можност за Тетово и нашата заедница да има заеднички и инклузивни спортски активности за лицата со посебни потреби и затоа сме среќни што сме дел од овој настан“ – рече директорката на „Вудроу Вилсон“ г-ѓа Елита Маша.
Проектот за деца со пречки во видот, ко-финансиран од УСАИД и Меѓународната фондација на Лајонс клубовите, а имплементиран од страна на Универзитетот на Југоисточна Европа, работи на зголемување на квалитетот и достапноста на образовните услуги за децата со пречки во видот, со посебен фокус на писменоста и Брајовото писмо, како и преку скрининг на очите за децата од предучилишна возраст. Проектот започна во октомври 2014 година и е 6 годишен проект со три главни компоненти: образована, здравствена и социјална.
Дополнителна цел на проектот е да се промовира вклучувањето на децата со оштетен вид и да се зголеми вклученоста во општеството и квалитетот на живот на овие лица, како и поттикнување на нивните заедници и други ранливи групи да работат за подобра социјална вклученост на лицата со посебни потреби. Преку овие активности, се надеваме дека децата со оштетен вид ќе имаат по активен пристап кон животот.