Контроверзниот унгарски закон за образование со кој се заканува затворање на Универзитетот на Централна Европа (ЦЕУ) во Будимпешта и односот на владата на десничарскиот премиер Виктор Орбан, наликува на однесувањето на Русија и на претседателот Владимир Путин кон оваа угледна образовна институција, пишува Би-Би-Си.
Орбан се очекува да зборува пред пратениците на Европскиот Парламент, бранејќи ја политиката на својата влада и постинувањата во остварувањата на човековите права. Тоа доаѓа во исто време кога Европската комисија соопшти дека покренала правна постапка против Унгарија.
Владата во Будимпешта се обвинува за гушење на универзитетските и академските слободи и човекови права.
ЦЕУ важи за Универзитет -промотор на демократијата и на либералните вредности во општеството и е рангиран меѓу првите 200 во светот, во осум категории.
На него моментално студираат 1440 студенти, од кои само 335 се од Унгарија а сите другите доаѓаат од 107 земји ширум светот. Универзитетот се претставува себе си кко предводник на слободата на говорот и има воспоставени врски со универзитети во Русија, Киргистан, Грузија и Казахстан.
Според Би-Би-Си , Универзитетот е основан од американскиот милијардер и филантроп Џорџ Сорос, по потекло унгарски Евреин, а дека заканата за затворање на ЦЕУ доаѓа како последица на судирот на премиерот Виктор Орбан со Сорос , со кога се дамнешни блиски пријатели.
Европската комисија ја покренува постапката кон Унгарија, пред земјата да биде предадена на Европскиот суд за правдаи затоа што владата на Орбан ги заострува прописите и кон невладините организации, што се смета како нов пример за повреда на демократските прцеси.
Со законот за НВО се бара од невладините да мора да пријават секој прилив на пари од странство, ако изнесува најмалку 24.700 илјади долари годишно.
Забраните кон Сорос и кон универзитети и невладините организации, започна во Русија, кога Путин и Москва почнаа да се пресметуваат со сите во Русија кои се спротивставуваа на недемократските процеси во таа земја.