Македонската фудбалска репрезентација составена од играчи од домашното првенство убедливо загуби од Полска со 4:1.
Противниците имаа удар од белата точка во 10. минута, нашиот голман Кристијан Наумовски успеа да го одбрани ударот од 11 метри на Павловски, но покрај заспаните наши одбранбени фудбалери на одбиената топка натрча Милик и ја смести во мрежата.
Водството по нова наша неодлучност во одбраната го зголеми Павловски во 23. минута.
Во 64. минута Једричек со глава по изведениот корнер зголеми на 3:0. Во 76. Полска преку Собота во 79. минута дојде до уште еден гол за водство од 4:0.
Дејан Блажевски го постигна единствениот гол за македонија во 87. минута со удар од околу 25 метри.