Не сте единствени: Еве зошто децата имаат напади на бес

Од:

Најверојатно најнепријатна фаза во возраста која се мери со едноцифрен број на годината е онаа кога децата имаат напади на бес од причини кои ниту може да се разберат, ниту да се предвидат. Ако сте токму сега сте во таква фаза, да ве утешиме: не се единствени.

Понекогаш, поводот за напад на бес е очигледен, детето сака играчка, вие не сакате да му ја купите и ете го на подот на продавницата како вика од петни жили удирајќи со нозете. Или вие сакате да тргнете од паркот дома, а детето сака да спие на нишалките.

Тие ситуации се сами по себе непријатни, но сепак не се чувствувате како да губите здрав разум, затоа што сепак ви е јасно зошто детето вика (иако би биле среќни тоа да не се случува). Но кога малите деца беснеат, а вие не знаете дури ни зошто, најверојатно ќе посакате да побегнете (врескајќи исто така).

Еве зошто сите деца понекогаш имаат напади на бес:

1. Сте го погледале детето

2. Не сте го погледнале детето

3. Неговиот брат или сестра нешто ви зборуваат

4. Сте му додале погрешна боичка

5. Грицките се многу крцкави

6. Некој го помилувал по косата (и го потсетил на шишање)

7. Не му е дозволено да користи електрични апарати

8. Му се смеете поради нешто што сторило

9. Не разбирате што ви зборува

10. Сте го прашале нешто

11. Сте го исекле сендвичот на две половини

12. Супата се лади многу долго време

13. Мама се тушира

14. Мама е во тоалет

15. Некој слјчајно ја урнал кулата од коцки која ја направило

16. Сами допишете…

И само да напоменеме – ова нема никаква врска со воспитувањето. Сите деца поминуваат низ тие фази. На вас е само да не изгубите нерви до тој момент (што е и причина поради која ви ја претставивме оваа листа).

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска