Првата детска амбасада во светот Меѓаши вечер во Драмскиот театар ќе го одбележи 25-годишниот јубилеј.
По тој повод утре во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ ќе бидат промовирани три публикации: Петгодишен извештај на програмата за мировно образование, публикацијата „Мирот се гради од најрана возраст“ и „Национален прирачник за поддршка на индивидуалноста на децата, почитување на различностите и градење на мирот“.