БЕГ грејната сезона ја заврши со нови 2.300 потрошувачи

Од:

Балкан енерџи груп (БЕГ) годинашната грејна сезона ќе ја заврши со нови 2.300 потрошувачи, од кои речиси половината се потрошувачи кои во минатото се исклучиле од системот, информираат од компанијата.

Оттаму посочуваат дека Бордот на директори констатирал оти големиот број нови потрошувачи во грејната сезона 2016-2017 е резултат на високиот квалитет и конфорт, проследен со конкурентна цена на централното во споредба со останатите начини на греење, можноста за бесплатно приклучување кон системот и еколошкиот придонес за градот.

– Раководствто на БЕГ одлучи да продолжи со реализација на инвестицискиот циклус за натамошна модернизација и воведување висока технологија во целокупниот систем за централно греење, со што ќе се зголеми неговата ефикасност и атрактивност за потрошувачите и ќе се создадат услови за натамошно зголемување на искористеноста на системот кој има можност да прими и услужи двојно повеќе корисници од сегашните. На ваков начин, ќе се отвори простор за натамошно намалување на цената за крајните поединечни потрошувачи, затоа што таа во голем дел зависи и од бројот на приклучени корисници, потенцираат од БЕГ.

Натамошната реализација на инвестицискиот циклус, додаваат, означува премин на системот за централно греење од технологија на седумдесетите години од минатиот век, кон високите модерни технологии базирани на автоматизација, софтверски процеси, нови уреди и материјали. За таа цел, ќе се спроведе и програма за внатрешно преструктуирање и обука на персоналот согласно новите технолошки барања, а ќе отвори и можност за ангажман на нов високоедуциран кадар којшто би дал свој придонес кон напредокот и модернизацијата.

– Вкупните вложувања во системот, од 2013 година кога групацијата БЕГ започна да управува со дејноста на централно греење, до денеска, надминаа вредност од 8 милиони евра. Во делот на производството, воведена е целосна гасификација на топланите, при што елиминирана е емисија на штетни СО2 гасови за 1.000 тони во сезона. Направена е и модерницација на електро-енергетските постојки и постројките за подготовка на технолошка вода. Во тек е инсталирање на систем за целосна автоматизација на топланите, велат од компанијата.

Во делот на дистибутивната мрежа, заеменети се дотраените цевководи кои имаа лоша топлинска излолација, со нови и воведен е систем за автоматска детекција на дефекти, со што значително се намалени загубите на вода, а остварено е и намалување на топлинските загуби за 10.000 мегават часови. Дополнително, направена е интеграција на поединечните мрежи во една, а во тек е воведување на најсовремен (SCADA) систем за мониторинг и контрола на топлински станици и оформување на модерен диспечерски центар.

Започната е и реализацијата на инвестициската програма на диструбутивниот систем, со замена на два магистрални водови со вкупна должина од 4,5 километри.

Креиран е и нов интернет портал кој овозможува брз и ефикасен канал за комуникација со Центарот за грижа на потрошувачи, како и директна пријава на дефекти, течења или рекламации за квалитетот на греењето, увид и плаќање на сметките (фактурите) преку услугата BegEPas, како и информации и совети за поголема енергетска ефикасност, одржување и сервис на внатрешната грејната инсталација и пресметка и споредба на трошоците за греење на иста загревна површина при користење различни начини за греење.

Во наредниот период, групацијата најавува дека ќе продолжи со вложувања во изолирање на вреловодните цевки во подрумските простории и во влезовите на објектите, имплементација на системи за заштеда на електрична енергија во потстаниците на објектите, промовирање на комбинирани бојлери за топла вода и друго, со чија имплементација потрошувачите можат да оставарат дополнителни заштеди.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Цената на парното греење во Скопје ќе биде стабилна до следното лето

Почна грејната сезона во Скопје

Катерина Ѓуровски

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Бислимоски: Сметките за парно за најголем дел од скопските домаќинства ќе бидат пониски за 3,16 отсто

Се намалува цената на парното

АД ЕСМ: Грејната сезона продолжува поради временските услови