Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) го одобри мандатот на „независната надворешна група за истрага” која треба да спроведе темелна и независна истрага во врска со обвинувањата за корупција и промоција на интереси против одредени членови или поранешни членови на Собранието, јавува дописникот на МИА од Стразбур
Мисијата на групата е да провери дали постојат индивидуални однесување на членови или поранешни членови на ПССЕ кои не се во согласност со одредбите на Кодексот на однесување за членовите на Парламентарното собрание и други релевантни етички документи.
Таа, исто така ќе ги идентификува практиките спротивни со етичките стандарди на Собранието и ќе треба да го утврди степенот на тие практики. Потоа, според сознанијата од истрагата, ќе треба да утврди дали има доволно докази за да се преземе акција против членови или поранешни членови на Собранието, во согласност со параграфите 19 и 20 од Кодексот на однесување за членовите Собранието.
Групата на есксперти ќе треба да даде препораки за мерките што треба да се спроведат за да се одговори на недостатоците и празнините на етички рамки на ПССЕ.
Групата истражни експерти ќе биде составена од три члена и независни личности од институциите со највисок морален карактер, со професионална компетентност, стручност и искуство и признати во оваа област, која е во надлежност на мисијата која им се дава. Тие ќе бидат назначени од страна на Бирото на Собранието. Овие назначувања ќе бидат предмет на одобрување од страна на Собранието. По изборот, членовите на групата не можат да бидат разрешени.
Групата истражни експерти нема правосудна надлежност. До завршување на својата мисија, ќе делува во најголема тајност.
Независната надворешена истражна група ќе ја преземе функцијата по назначувањето на своите членови; нивната мисија ќе заврши кога ќе го достават завршниот извештај до Бирото или најдоцна на 31 декември 2017 година. Бирото на ПССЕ може да одлучи, ако е потребно да го продолжи мандатот на истрагата на групата.
ПССЕ е консултативно тело на Советот на Европа во кое членуваат 324 парламентарци од 47 земји-членки на паневропската организација, кои се состануваат четири пати годишно во Стразбур на пленарна сесија и повеќе пати годишно на ниво на комисии, на кои дискутираат за владеење на правото, заштита на човековите права и борбата против корупцијата.
Скандалот што фрли дамка врз ПССЕ, наречен „Кавијаргејт” од страна на некои медиуми, се појави на дневен ред на собранието во јануари 2013 година: имено членови или поранешни членови на Собранието се верува дека биле „купени” од страна на азербејџанските власти во замена за нивниот глас против извештајот (иако необврзувачки) во кој се осуди ситуацијата на политички затвореници во Азербејџан.
Извештајот, во кој имаше остри критики на сметка на Баку, во голема мера беше отфрлен од страна на ПССЕ.
Некои пратеници добиле во замена за нивниот глас повеќе подароци, чија природа останува нејасна, но според извор близок до пан-европска институција имало и кавијар од Каспиското Море, килими, или вечери во луксузни хотели во Баку.
Во јануари, повеќе од 60 членови на ПССЕ побараа писмено независна истрага во врска со ова прашање. НВО Транспаренси интернашнл исто така, јавно побара од Советот на Европа „силен одговор” на „сериозните обвинувања за корупција.”
Случајот со еден парламентарец ја разгорува контроверзноста: Демохристијанот од Италија Лука Волонте (кој повеќе не е во ПССЕ) е осомничен за прифаќање на речиси 2,4 милиони евра од Баку.
Тој треба да се појави пред суд во Италија под обвинение за перење пари, бидејќи не го објаснил потеклото на парите. Обвинението за корупција, сепак, не е прифатено од страна на судовите, според италијанскиот печат.
Мисијата на истрагата на СЕ може да работи и на улогата на актуелниот претседател на ПССЕ, Шпанецот Педро Аграмунт, кој исто така може да бидат принуден да поднесе оставка оваа недела, по средбата со Башар ал Асад во Дамаск.
Според германската НВО ЕСИ, која објави неколку извештаи за скандалот, Аграмунт постојано го бранел Баку, кога зеде учество во мисии за набљудување на избори во Азербејџан како парламентарец на Советот на Европа. Сепак, од избувнувањето на „Кавијаргејт” тој не нареди ниту една внатрешна истрага, што е критикувано од многу политичари.
– Шокирана сум од начинот на кој беше постапувано овој случај , изјави на јавното сослушување со претставниците на невладините организации, претходничката на Аграмунт, пратеничката од Луксембург Ана Брасер.