Македонската тенисерка Лина Ѓорческа оствари победа во 1.коло на фјучрсот во Тунис што се игра за награден фонд од 60.000 долари.
По голема борба и меч што траеше 2 часа и 22 минута, најдобрата македонска тенисерка која е седма носителка на турнирот, ја совлада Даниела Сегуел од Чиле со 2-1, по сетови 3:6; 7:6 и 6:3.
Попладнево во игра на двојки Ѓорческа заедно со Унгарката Агнеш Букта ќе стартуваат во 1.коло.