Кампањата на Емануел Макрон – цел на напади од руски хакери

Од:

Како и Хилари Клинтон, така и Емануел Макрон беше цел на хакерски напади кои доаѓале од Рускија, тврди Тренд микро компанија, специјализирана за безбеднсот на компјутерски системи, јавува дописникот на МИА од Париз.

Тимот на Макрон, кој ја водеше неговата кампања, во средината на февруари тврдеше дека бил изложен на стотина, па дури и илјадници сајбернапади кои доаѓаат од зад руската граница.

Компанијата, специјализирана за заштита на компјутерски системи Тренд микро, го потврди ова ден по претседателските избори во Франција. Тренд Микро притоа обвинува група руски хакери „кои биле на платниот список на Москва“, Паун Сторм, или Фанси Беар Мунир Махжуби, директор на дигиталната кампања на кандидатот кој ќе биде во дуел со Марин Ле Пен на 7 мај, вели дека „не е изненаден” од наодите. Но, тој вели: „Ниту едно од поштенските сандачиња не беа пробиени” успешно.

Тренд микро ги нуди следните податоци како потврда за неговите наоди. Во периодот од средината на март до средината на април, руски хакери создадоа четири имиња на домеини слични на оние на официјалниот тим, во обид да ги фатат во стапица членовите на екипата на Макрон

onedrive-en-marche.fr ( 15 март 2017 година), portal-office.fr (14 Април 2017 година), mail-en-marche.fr (12 април 2017), accounts-office.fr (17 април 2017)

Според Тренд Микор, „овие имиња на домени веројатно се користени од руската хакерска група насочена кон Maкрон”, која ги користи услугите на Микрософт Офис 365. Постапката е конвенционална и обично се прави обид да се имитира официјален е-маил за да се убеди лицето корисник да влезе со својата лозинка за време на ресетирање. Според Тренд микро, хакерите, исто така, се обидуваат да ги заразат компјутерите со малициозен софтвер Јаваскрипт во потрага по евентуални слабости.

Иако постојат докази и поадтоци за обиди за напади, екипата на Макрон сепак е внимателна, а ги зголемуваат и безбедносните мерки на компјутерските системи, бидејќи зад овие напади можат да се кријат други центри од тие на кои се мисли.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток