ВМРО-ДПМНЕ: СДС да прифати нови парламентарни избори

Од:

„Криминалецот Заев со својата сервилна и антидржавна политика ги разгорува иредентистичките и шовинистички изливи во регионот и затоа не смее да осуди ниту една антидржавна изјава која доаѓа од творците на Тиранската Платформа, Еди Рама и Дитмир Бушати.

Криминалецот Заев молчи и пред изјавите на Села за непостоењето на македонската нација, непризнавањето на државното знаме и химна и дека истите сака да ги смени. Заев не ги осуди ниту изјавите за бркање од работа на Македонците од Струга и Гостивар.

Криминалецот Заев молчи и индиректно ги мотивираше симнувањето на македонското знаме во центарот на Куманово и развејувањето на негово место на знамето на Албанија, како и за веењето на знамето на голема Албанија на фудбалски натпревар во Скопје.

Криминалецот Заев, спротивно на волјата на народот ја прифати Тиранската Платформа и сака да ја направи Македонија двојазична, да ги смени знамето, химната и грбот, да го смени името на државата по грчки терк и да ја федерализира Република Македонија, со опасност на нејзино растурање.

Аболицираниот криминалец Заев сака своите долгови кон нарко-мафијата и неговите истомисленици од надвор да ги плати со македонската државност и прифаќањето на Тиранската Платформа.

ВМРО-ДПМНЕ апелира криминогената врхушка во врвот на СДС веднаш да ја отфрли Тиранската Платформа и да прифати нови парламентарни избори, на кои граѓаните ќе кажат што мислат за Тиранската Платформа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација