Дескоска: За прикривање на јавен долг да се одговара кривично

Од:

СДСМ ќе бара воспоставувањеново кривично дело: необјавување и прикривање jавен долг и измени и дополнувања на Законот за јавен долг, објави денеска  професор Рената Дескоска, член на Извршниот одбор на СДСМ.

-„Прифаќањето на овие предлози ќе значи: Прво, дека висината на задолженоста на земјата, ќе биде транспарентна и јавно достапна информација за сите граѓани на Република Македонија. Второ, фактот дека би постоела кривична одговорност за необјавување и прикривање на јавниот долг, на граѓаните и стопанството ќе им создаде поголема сигурност во објавените податоци. Сметаме дека не постои ниту едно логично образложение или причина, овие наши предлози да не бидат прифатени од страна на власта “, рече  Дескоска.

Причина за ваквиот потег на СДСМ,  се дилемите кои долго време постојат, околу висината на задолженоста на Република Македонија што отвора сомневања кај граѓаните, дека на земјата ѝ се заканува банкрот, односно грчко сценарио

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците