27-годишниот полицаец Мирослав Стаменковиќ, кој утринава беше убиен во Власотинце, Србија, е јунак затоа што го даде својот живот за државата и народот, рече директорот на полицијата Милорад Вељовиќ.
Полицаецот се обидел да спречи грабеж, а потоа ги бркал разбојниците, кога еден од нив пукал на него.
Полицијата смртно ранила двајца од тројцата крадци, а третиот е уапсен.