Кинескиот претседател Кси Џинпинг на американскиот колега Доналд Трамп му соопштил дека се надева дека сите земји ќе покажат воздржаност за прашањето за Северна Кореја и дека Кина се спротивставува на секакви дејствија кои се во спротивност со резолуциите на Советот за безбедност на ОН, соопштија британските медиуми, повикувајќи се на кинеските медиуми.
Кинескиот лидер, во телефонски разговор со Трамп, исто така, кажал дека сите земји треба да ги избегнуваат дејствијата кои водат до зголемување на тензиите, посочи кинеската државна телевизија.