Тројца полицајци загинаа денеска во напад на бомбаш-самоубиец од Исламска држава во ирачкиот град Мосул.
Групата од околу десет напаѓачи, вклучувајќи и четворица бомбаши самоубијци се обиделе да се инфилтрираат во хеликоптерската база на федералната полиција во Ал Ареј, изјави шефот на полицијата.
Тој додаде дека тројца полицајци и тројца напаѓачи загинале во нападот, по кој полицијата тргнала во потрага, но останатите напаѓачи успеале да избегаат.