Физички нападната вработена во трафика во Велес

Од:

Две лица физички нападнале вработена во трафика во Велес, сакајќи да ја ограбат.

Настанот се случил синоќа околу 22:35 часот во трафиката „Леди Ди Трејд“ на улицата „Благој Ѓорев“ кога двете лица влегле во трафиката и и се заканиле на 51-годишната Т.П.

Едното лице со раката и ја затнал устата, а со другата рака неколку пати ја удрил во лицето и телото, додека другото лице ги пребарувало фиоките од пултот.

Откако виделе дека нема пари во фиоките, излегле од трафиката и се упатиле во непознат правец.

Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Велес. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

(ВИДЕО) Кражба на бакар од електро влечната потстаница Драчево, предизвикана е штета од 5 милиони евра

А1он

Крадци украдоа сеф со 200.000 евра од менувачница

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

МВР: Уапсен скопјанец за кражба на бакарни кабли вредни 200.000 евра

Горан Наумовски

Четворица малолетници се обидоа да го ограбат манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка