Мемфис по продолжение го совлада Сан Антонио

Од:

Екипата на Мемфис по продолжение ноќеска успеа да го совлада Сан Антонио и да изедначи на 2-2 во победи во првото коло од плеј офот во НБА лигата.

Кошот за победа од 110:108 го постигна Марк Гасол на 7 десетинки пред крајот на продолжението.

Тој дуелот го заврши со 16 поени, а најефикасен во неговиот тим беше Мајк Конли со 35 поени, додека на дуелот најпрецизен беше Каваи Ленард со 42 поена.

На вториот натпревар одигран на „Запад“ Голден Стејт го совлада Портланд со 119:113 и е на една победа до пласман во следната рунда.

На „Исток“ Атланта го доби првиот домашен натпревар против Вашингтон со 116:98, додека Торонто и во вториот дуел со Милвоки на гости победи со 87:76 и успеа да изедначи.

Резултати:
Западна конференција: Мемфис – Сан Антонио 110:108 по продолжение (2-2 во победи); Портланд – Голден Стејт 113:119 (0-3).

Источна конференција: Милвоки – Торнто 76:87 (2-2) и Атланта – Вашингтон 116:98 (1-2).

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот