Во спортската сала „Петар Поп Арсов“ , Крива Паланка се одржа спортски ден во организација на средното општинско училиште „Ѓорче Петров“.
Околу 300 гимназијалци и нивните ментори спортуваа и се дружеа, а беше исполнета и целта на настанот јакнење на спортскиот дух кај младите преку игри и забава.
– Секогаш по еден ден од наставата го посветуваме на целодневно спортско дружење на учениците. Овој ден го одржуваме традиционално, по четврти пат, на спортскиот комплекс во градот, учениците излегуваат од училишните клупи и во една пријатна атмосфера, со компетитивен, но пред се пријателски манир заедно со професорите играат хокеј на трева, овојпат во сала, фудбал со рака, футсал, а во сиет игри имаше по неколку репрезентации од сите четири наставни години, информира директорот на СОУ „Ѓорче Петров“, Миле Милковски.
Рече, неопходно е повремено учениците да си дадат оддишка од постојаното следење кабинетска, па и практична настава и преку рекреација и спорт да ги освежат енергијата и умот.
Училишниот спортски ден е дел од наставната Програмата за тековната учебна 2016/2017 година.
По повод патрон празникот на гимназијата, 28 април, одговорните организираат отворени денови од 24 до 26 месецов, на кои ќе бидат претставени наставните насоки во кои можат да се запишат идните средношколци, а ќе се презенетираат и постигнатите успеси и резултати на наставно-научен план.