Втора титула во 2017 година за Ѓорческа во двојки

Од:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфираше во игра на двојки на фјучрс турнирот во Киасо, Швајцарија што се игра за награден фонд од 25.000 долари. Ѓорческа заедно со Александрина Најденова од Бугарија како први носителки ги совладаа четвртите носителки Катерина Крамперова (Чешка) и Росали Ван дер Хек (Холандија).

Ѓорческа и Најденова го добија првиот сет со 7:5 во гемови, а ривалките беа подобри во вториот сет со 6:2. Во решавачкиот сет беше 10:7 на поени за Ѓорческа и Најденова. За триумфот двете ќе добијат по 50 поени.

Нашата тенисерка во 2017 година во конкуренција на двојки победи и на турнир во Италија.

Би можело да ве интересира

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех

Рафаел Надал ја заврши кариерата