Северна Кореја ги обнови подготовките за нова нуклеарна проба, соопшти Американско-корејскиот институт во Вашингтон, при Универзитетот „Џон Хопкинс“ од Балтимор.
Експертите, повикувајќи се на сателитски снимки од средата тврдат дека „по се изгледа дека Северна Кореја се подготвува за тестирање на нуклеарно оружје“.
Шестата севернокорејска нуклеарна проба може да биде извршена на полигонот „Пунгри“ во секој момент, откако ќе биде дадена наредба од Пјонгјанг, сметаат американските експерти.
Претходно аналитичарите соопштија дека подготовките биле стопирани.