Хуманитарна акција за подготвување оброци за бездомници

Од:

Иницијативата „Ретвитни оброк“ и граѓанската иницијатива „Мрдни со прст“ попладне во 17 часот во близина на Универзалната сала ќе готват за бездомници и ќе го прослават вториот роденден на групата ентузијасти која подготвува и донира оброци на оние на кои им е најпотребно.

Организаторите посочуваат дека зготвените оброци утре во 12:30 часот зад Спомен-куќата на Мајка Тереза ќе им бидат поделени на оние кои се гладни и живеат на раб на егзистенција.

– Од скромниот почеток сега стигнуваат до повеќе од 150 оброци спакувани во алуминиумски садови. Бројот на оброци секоја недела постојано се зголемува, а ова се должи на се поголемиот интерес и јавувањето на се’ повеќе нови лица кои се приклучуваат, организации, фирми и хумани граѓани кои учествуваат во подготовката и транспорт на оброците дури и низ повеќе градови во земјава, наведуваат организаторите.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска