Кражби во казино и обложувалница во Скопје и Прилеп

Од:

Од казино во Скопје и спортска обложувалница во Прилеп вчера непознати сторители со закана со пиштол извршиле разбојништва при што биле одземени вкупно 64.000 денари.

Како што информира МВР во дневниот билтен, вчера во 8:50 часот било пријавено дека во казино на булевар „Партизански Одреди“ во Скопје непознат сторител со закана со пиштол од вработените одзел околу 30.000 денари, по што побегнал во непознат правец.

Во спортска обложувалница на улица „Цар Самоил“ во Прилеп, вчера во 21:30 часот, двајца непознати маскирани сторители со закана со пиштол извршиле разбојништво над вработената. Тие ја затекнале вработената пред влезот на обложувалницата, ја турнале внатре и од касата одзеле 34.000 денари, по што побегнале во непознат правец.

Како што соопшти МВР, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на двата случаи.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра