Стопанската комора на Северозападна Македонија денеска организираше информативна сесија за програма која е дизајнирана да ги подобри способностите на жената менаџер.
Целта на инфо сесијата, како што информира Стопанската комора на северозападна Македонија, е да се презентира Групацијата на бизнис жени при Комората и да се претстави услугата Coaching, која е насочена кон развој на претприемачите и нивниот бизнис.
Денешната сесија е организирана во соработка со Програмата за зголемување на пазарната вработливост на Швајцарската агенција за развој и соработка, имплементирана од Swisscontact и PREDA Plus.