Документарен филм за турските серии e причина за отказ од функцијата генералниот директор на грчката државна телевизија ЕРТ, објави турскиот приватен телевизиски канал НТВ.
Костас Спиропулос е отстранет од функцијата поради поддршката за документарниот филм што „пропагира“ турски серии, соопшти управниот одбор на ЕРТ.
Режисерот на документарниот филм Жури Авероф се прашува како е можно некој што го нема гледано филмот да има мислење за него. – ЕРТ си најде причина да го избрка Спиропулос, истакна тој.
Документарниот филм „Судбина“ објаснува како благодарение на турските серии е променет моделот на муслиманската жена во светот и бил создаден профил на современа жена.