Тешко повреден работник на ЕВН

Од:

Во с.Жабени-битолско вчера околу 16:15 часот додека екипа од ЕВН Македонија отстранувала дефект на електрична енергија, В.М.(33) вработен во ЕВН разговарал со Н.И.(29) и во еден момент од појасот извадил сигнален пиштол и испукал еден куршум, по што Н.И. си заминал.

По кратко време, екипата на ЕВН се упатила да отстранува дефект на друг столб од високо напонска мрежа, каде пристигнала група од околу 10-15 жители од селото кои ги прашале вработените зошто пукале и започнале расправија со истите, а во еден момент вработениот В.М.(33) од Битола се качил на столбот и паднал на земјата.

Од страна на екипа на итна медицинска помош В.М. е пренесен во Клиничка Болница Битола каде се констатирани тешки телесни повреди и повреди од струен удар и истиот е задржан за понатамошно лекување. Извршен е увид на местото на настанот, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип