Реновирана салата за фолклор при Домот на културата во Кавадарци

Од:

Во Домот на културата во Кавадарци синоќа беше пуштана во употреба реновираната салата за фолклор. Во неа се одржуваат пробите на фолклорниот ансамбл Тиквеш од овој град, кој директорот на културниот дом Владимир Темков го нарече културен амбасадор на градот, кој успешно се претставува во светот.

-Идејата за реновирање дојде од Претседателството и членовите на Ротари клубот од Кавадарци. Бев воодушевен затоа што за прв пат се случи такво нешто во историјата на дејствувањето на домот, некој да се сети и да донира за потребите на културата и да направи нешто што ќе остане како трајна придобивка. Овде вежбаат над 130 деца, нагласи директорот.

Претседателот на Ротари клубот Бранко Колев потсети дека е ова само еден од многуте нивни проекти. Тој нагласи дека континуирано инвестираат и даваат донации. Ги наброја фитнес центарот на отворено, игралиштето за деца, проектите во образованието и здравството. Го најави и реновирањето на детското одделение при општата болница во Кавадарци.

Би можело да ве интересира

Се бара изградба на обиколница во Кавадарци за да се намали загадувањето на воздухот

А1он

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”