Расел Вестбрук стигна до шестиот „трипл-дабл“ во плеј-оф натпреварите постигнувајќи 51 поен 10 скока и 13 асистенции ноќеска на средбата со Хјустон, но и тоа не и помогна на Оклахома да го избегне вториот пораз во серијата со Хјустон.
Во победничката екипа се истакна Џејмс Харден со 35 поени четири скока и осум асистенции.
Убедлива победа оствари Голден Стејт против Портланд, а со убава предност во разигрувањете за титулата се стекна и Вашингтон над Атланта.
Резултати на натпреварите од плеј-офот во НБА лигата одиграни ноќеска:
Исток:
Вашингтон – Атланта 109:101 (2-0 во победи);
Запад:
Хјустон – Оклахома 115:111 (2-0) и
Голден Стејт – Портланд 110:81 (2-0).