Реванш натпреварот од полуфиналето во фудбалскиот Куп на Македонија меѓу Шкендија и Вардар е прекинат.
До прекин на мечот дојде во 30-тата минута од средбата, кога по еден груб прекршок на Фелипе, капитените на двата тима Грнчаров и Хасани влегоа во вербална, а потоа и физичка пресметка, па главниот судијата Александар Страврев на двајцата им покажа црвен картон.
Публиката почна со навредливо скандирање, а додека Грнчаров го напушташе теренот кон него летнаа предмети. Веднаш потоа, фудбалерите на Вардар се повлекоа и во соблекувалната, затоа што дел од навивачите на трибините се обиделе да влезат на терен.
Инаку актуелниот бранител на трофејот Шкендија има голема предност од првиот меч одигран во Скопје каде тетовската екипа забележа победа со 3:1.
На вториот меч од полуфиналето во Битола, меѓу Пелистер и Брегалница резултатот по првото полувреме е 0:0. Првиот дуел во Штим заврши со резултат 2:2.