Состанок на советот за превенција од пожари во општина Василево

Од:

Советот за превенција од природни непогоди и катастрофи на општина Василево денеска одржа редовен состанок за превенција од пожари пред почетокот на летната сезона.

Општина Василево информира дека заедничата акција на сите релевантни институции овозможува минимизирање на штетите од катастрофи.

– Ние како општина ја поддржуваме ваквата соработка и овој облик на работа. Општината, МВР, Противпожарната единица, Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување заедно ги истакнуваме потребите, слабостите, опасностите и начинот за координација и превенција од пожари, особено во периодот кој ни претстои, рече градоначалникот Ванчо Стојанов.

Тој истакна дека Василево има ридско-планински предели и пасишта и во летото со сушење на растенијата се зголемува опасноста и ризикот од пожари.

– Во лето при големите температури, дали намерно или ненамерно, може да бидат предизвикани пожари. Затоа во текот на целата година максимално се подготвуваме да се спротивставиме и да имаме беспрекорна заштита за нашите граѓани за да не дојде до катастрофални последици, рече Стојанов.

Би можело да ве интересира

Водата и во Општина Василево не е за пиење и употреба

Катерина Ѓуровски

Избувнал голем пожар во близина на индустриската зона во Василево, спасени се индустриски објекти

Кандидатот за градоначалник на Василево од ВМРО-ДПМНЕ нападнал активисти на СДСМ тврдат солијалдемократите

Катерина Ѓуровски

Советот на Василево даде согласност за настава со физичко присуство на учениците

Ана Ололовска

Кривична пријава за поранешниот градоначалник на Василево

Ана Ололовска

Пендаровски во Босилово и Василево: Нема да дозволиме некој да се коцка со иднината, ќе победиме, масовно да излеземе на избори и да заокружиме број 3!