Британски психолози го истражувале прашањето, во кои земји бебињата најмногу плачат.
Резултатите од нивното истражување покажале дека бебињата најмногу плачат во Велика Британија, Канада, Италија и Холандија, а најмалку во Данска, Германија и Јапонија.
Тие изработиле универзални „Мапи на нормално плачење“ во најраниот период од животот, следејќи 8.700 бебиња.
– Бебињата веќе во првите недели многу се разликуваат по тоа колку плачат, тврди Дитер Волкер, кој го водеше истражувањето на Универзитетот Ворвик.
Научниците ги истражувале причините за плачење кај бебињата, односно дали станува збор за начинот на кој родителите постапуваат кон бебињата или други фактори кои се поврзани со бременоста и генетиката.
Бебињата во Велика Британија, Канада и Италија плачеле просечно најмалку три часа дневно и најмалку три дена во неделата, покажа истражувањето.
Во првите две недели од животот бебињата плачат просечно два часа дневно.
Нешто повеќе плачат следните неколку недели, додека не го достигнат врвот со просечно два часа и 15 минути плачење дневно, на возраст од шест недели.
Потоа се намалува на просечно еден час и десет минути на возраст од 12 недели.