Изложба на Харис Кондосфирис и Кристина Ѕани од Грција во ОСТЕН

Од:

Во рамки на Офф-програмата на ОСТЕН Биенале на цртеж Скопје утревечер со почеток во 20:20 часот, во галерија ОСТЕН ќе биде отворена изложбата на двајца уметници од Грција, Харис Кондосфирис и Кристина Ѕани.

И Кондосфирис и Ѕани беа учесници на Биеналето на цртеж Скопје 2016 и беа претставени во каталогот со свои репродукции.

Кондосфирис работи со цемент, објекти и цртежи (цемент на хартија), а Сани со исклучително впечатливо фигуративно сликарство (акварел на хартија). Поставката ќе трае до 3 мај 2017 година, а влезот е слободен.

Харис Кондосфирис е роден во 1965 година, а живее и работи во Лерин, Грција. Студирал филмска режија и ликовна уметност. Учествувал на меѓународни проекти во Италија, Германија, Турција, Велика Британија, Бразил и Кина. Тој бил претставник на Грција на 26 Биенале на Сао Паоло, Бразил (2004) и учествувал на Биеналето на Пекинг (2005) и на Биеналето во Солун (2009). Тој има систематска соработка со Галерија Зумбулаки во Атина, со галеријата Лола Николау во Солун и има периодична соработка со галеријата Технокорос во Атина, галеријата Папацикоу во Верија и Галеријата 512 во Птолемаида. Реализирал 23 лични изложби и учествувал на повеќе групни изложби во Грција и во странство.

Тој бил професор по ликовна уметност во Одделот за пластични уметности при Универзитетот во Јанина (2007-2010), а во моментот е соработник-професор на визуелни и применети уметности на Универзитетот на Западна Македонија, Лерин од 2010 година.

Кристина Ѕани е родена во 1985 година во Атина, Грција. Дипломирала при Факултетот за ликовни уметности. Досега имала многу самостојни изложби и учествувала во значајни групни изложби. Најважната самостојна изложба „Заборавени шепотења“ се одржала во КХ5 галерија во Цирих во 2016 година. Имала изложба во Археолошкиот музеј Игуменица „Надворешна чувствителност“ во Грција во 2016 година, изложби во Даблин…

Делата на Ѕани можат да се најдат во јавни и приватни уметнички збирки и во Грција и во странство. Таа во моментов живее и работи во Кардица, Грција.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски