Украдени компјутерски монитори од училиште во Вруток

Од:

Непознати лица украле 24 компјутерски монитори од ОУ „Лирија“ во гостиварското село Вруток. Според пријавата, тешката кражба била извршена во периодот помеѓу 14-ти и 18-ти овој месец.

Од СВР Тетово, информираат дека крадците, влегле преку необезбедениот сутерен на објектот, а потоа насилно ги отвориле вратите од двете училници кои се наоѓаат во приземјето. Од училниците биле изнесени 24 компјутерски монитори, откако претходно ги пресекле сите кабли со кои тие мрежно биле поврзани.

– Вредноста на одземеното се проценува на 40 илјади денари, а причинетата материјална штета изнесува 15 илјади денари. Извршен е увид, се расветлува пријавеното и се работи на откривање на сторителите, вели Марјан Јосифоски портпарол на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Македонец и Србин ограбиле продавници во Подгорица, имале добро разработена тактика: Пронајдени се и сомнителни документи

Горан Наумовски

Четворица струмичани од камион украдоа 160 вреќи компир

Горан Наумовски

Лувр е повторно отворен

Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка

Скопјанец украл кредитна картичка од познаничка и подигнал 1.700 евра