Без вода утре од 9:00 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците од Музичко училиште, Уставен суд, Комерцијална банка и околните објекти на улица „Црвена скопска општина“ во општина Центар.
Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради изведување на водоводен приклучок со пречник 300 мм на улица „Црвена скопска општина“, кој требало да биде извршен денеска, но поради немање на услови за работа е одложен за утре.