Франција го призна неуспехот на кампањата против пушењето

Од:

Француските власти соопштија дека кампањата против пушењето во земјата доживеала целосен неуспех, истакна претседателот на Стопанската комора Дидие Миго.

Во извештај на француската Стопанска комора, посветен на буџетските средства кои се потрошени за кампањата против пушењето, се наведува дека во земјата секоја година има 73.000 смртни случаи од болести предизвикани од пушењето.

Миго нагласи дека забраната за пушење во јавни простории, која стапи во сила во 2007 година, не довела до намалување на бројот на пушачите, кој денес во Франција изнесува 34 отсто од населението, наспроти 35 проценти во 2000 година.

Во документот Миго прави споредба меѓу Франција и Велика Британија, каде во последните 10 години бројот на пушачите се намалил од 30 на 20 отсто. Според претседателот на француската Стопанска комора тоа се должи на многу построгата контрола во Велика Британија врз почитувањето на законите против пушењето цигари.

Миго смета дека единствената добра метода за борба против пушењето е натамошно зголемување на цената на цигарите и укажување помош на лицата кои сакаат да се откажат од оваа штетна навика.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток