СКСЗМ на средби со компании во Куманово

Од:

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) Неби Хоџа денеска имаше состанок со претставници на компании во Куманово.

Хоџа ги презентира активностите и услугите на Комората, вклучувајќи ги и проектите кои се во тек и при тоа рече дека СКСЗМ во наредниот период планира посеопфатни проекти и дебати со државните институции, како и за предвиденото проширување на СКСЗМ за уште подобро претставување на интересот на бизнис заедницата во Македонија.

На состанокот беа презентирани различните можности за финансирање преку алтернативни фондови во форма на неповратни грантови, како и идејата за формирање сојуз на албански производители.

Компаниите, пак, истакнаа загриженост за, како што нагласија, дискриминаторната политика кон домашните инвеститори и нееднаквото алоцирање на средствата од фондовите за инвестирање. Се пожалија и на, според нив, нелојалната конкуренција и одливот на младите надвор од земјата.

По завршувањето на средбата, Хоџа ги посети компаниите-членки Ритрон Копи и Лами Форм за да се запознае со нивната работа и производниот процес.

Денешниот состанок следува по првиот во Гостивар, а наредниот е закажан за Кичево, на 20 април.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски