А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на Град Скопје на соопштението на општина Центар

by А1он18/04/2017 - 15:40225
Share0

Градот Скопје реагира на соопштението на Општина Центар, во однос на невистинитите информации за наводно сечење на дрва во близина на Градскиот трговски центар.

Добивај вести на вибер

„Повторуваме, на ова место се искастрени неколку грмушки од видот taxus baccata, а не дрва како што наведоа неколку интернет портали и сега Општина Центар.

Стручните служби од ЈП „Паркови и зеленило“, по извршен увид оцениле дека истите се делумно исушени и треба да бидат отстранети. Во наредниот период екипи на јавното претпријатие ќе пристапат кон целосно хортикултурно уредување на овој простор.

За жал, ова е уште еден смешен обид на Општина Центар, во недостиг на идеи, проекти и поголеми резултати, да се наметнат во јавноста и да бидат тема на разговор.

За потсетување,

Градот Скопје изминативе години реализира голем број на проекти за подобрување на состојбата со зелените површини, како што се изградба на нови паркови, уредување на постоечките паркови, спроведување на акции за садење на дрвја и садници, со масовно темпо како никогаш во изминативе неколку децении.

Тука влегуваат проекти како:

– Минатата година бевме сведоци на отворање на нов парк во Општина Аеродром, кој се простира простира на површина од 10 хектари, од кој околу 9 се зелена површина, со што истиот стана вториот најголемиот парк во Скопје по Градскиот парк. Ваква парковска содржина, со волку голема површина не е изградена во Скопје до далечната 1972 година, кога последен пат е реконструиран Граскиот парк.
– На јавните површини во Скопје екипи на Градот Скопје досега засадија над 80.000 листопадни, зимзелени и грмушести садници, како и 1,5 милиони цвеќиња.
– Само во последната акција за садење на дрвја, засадени се 264 дрва на територијата на Општина Центар.
– По должината на проширениот булевар Митрополит Теодосиј Гологанов уреден е новиот парк „Македонија“ со површина од 69.000 квадратни метри, каде се засадени околу 800 нови дрвја и садници.
– Во близина на овие паркови го уредивме и „Паркот на 100 дрвја“, на површина од 3.500 квадратни метри,
– Ги обновивме дрворедите по должината на булеварите, и тоа на булеварите Илинден, Свети Климент Охридски, Митрополит Теодосиј Гологанов, Борис Трајковски, Србија, Јане Сандански, Александар Македонски, Видое Смилевски Бато, Никола Карев…,
– Градот Скопје набави нова машина со систем за пресадување на дрвја со што повеќе нема да мора да се сечат дрвја при ерализација на инфраструктурни проекти
– Ги зазеленивме средишните жардиниери на сообраќајниците,
– Доделивме над 20.000 бесплатни садници на куќните совети и на јавните институции.
– Градскиот парк (прв дел) доби комплетно нов лик, со ново зеленило, украсни чешми и нови интересни содржини за децата.
– Во парк-шумата „Водно“ во последните години се засадени повеќе од 55 хектари со зимзелени и листопадни садници.
– Во Паркот на природата „Гази Баба“ се пошумени повеќе од 1,5 хектари со листопадни дрвја, а засадени се и дополнителни 1.800 големи садници“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

centarskopje

Би можело да ве интересира

Град Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита на воздухот

Горан Наумовски19/12/2025 - 14:16

Скопје ја започна празничната „Новогодишна зимска бајка“

А1он15/12/2025 - 19:32

53-годишен скопјанец се повреди и почина на работното место

Горан Наумовски13/12/2025 - 13:5413/12/2025 - 14:51

Жена пријави физички напад врз ќерката од поранешниот сопруг во Скопје

Горан Наумовски01/12/2025 - 18:25

Ѓорѓиевски: Скопје останува Европска престолнина на културата за 2028 година

Горан Наумовски20/11/2025 - 20:17

Скопјанец со автомобил сакаше да повреди дечко и девојка од Италија, тврди Обвинителството

Горан Наумовски20/11/2025 - 19:57
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен