Во Република Македонија се регистрирани 320 лица со хемофилија, од кои 213 лица со хемофилија А, и 107 лица со хемофилија Б, соопшти денеска Здружението на граѓани со коагулопатии Хемо – Вил Илинден.
Со Фон вилебрандова болест, посочуваат од Здружението, се регистрирани 170 лица, со дефицит на фактор VII 2 лица, дефицит на фактор XI 1 лице, дефицит на фактор XII 12 лица и дефицит на фактор XIII 4 лица.
– Во Македонија е стремеж да се постигне еднаков третман за сите, првенствено намалувајќи ја стигматизацијата и подигнувајќи ја свеста за проблемите на крвавење, едукација на лицата за третман и самотретман, точна дијагностика, правилен современ третман и намалување на можноста за инвалидитет, истакнуваат од Здружението кое синоќа го одбележало Светскиот ден за хемофилија.