Македонскиот ракометен првак Вардар ќе игра со романскиот и актуелен европски првак ЦСМ Букурешт во полуфиналето на завршниот турнир од Лигата на шампионите.
Вардарки и минатата сезона во полуфиналето на „Фајнал фор“ играа со Букурешт кога беа поразени со 27:21, па ова ќе биде можност за реванш.
Ова е епилогот по денешната ждрепка на која беше извлечен и другиот полуфинален пар.
Двојки за полуфиналето во женската ракометна Лига на шампиони:
Вардар (Македонија) – ЧСМ Букурешт (Романија) и
Будуќност (Црна Гора) – Ѓер (Унгарија).
Вардар е четврти пат по ред е на Ф4 турнирот и единствен од четирите екипи без освоен трофеј во ЛШ.
Домаќин на завршниот турнир ќе биде унгарската престолнина Будимпешта на 6 и 7 мај.