Петти Меѓународен студентски конкурс за плакат „Money for free“

Од:

Неколку изложби и бесплатни предавања ќе понуди петтиот Меѓународен студентски конкурс за плакат на тема „Money for free“, што го организира Здружението на графички дизајнери „Плакарт“.

Централен настан е отворањето на изложбата на плакати од 70 финалисти, што ќе биде отворена вечер во 20 часот во Младинскиот културен центар. Заедно со отворањето на главната изложба за плакати, вечер гостинот од Србија Славимир Стојановиќ ќе има презентација и отворање на својата изложба „Постер Арт“. Дополнително е организиран и натпревар за дизајн на најавниот постер на манифестацијата на facebook. Обезбедени се и плакати кои се работени од 20 современи руски дизајнери – Омаж за Александар Родченко по повод 120 години од неговото раѓање. Оваа изложба ќе се отвори на 20 декември во Музејот на современа уметност.

Членови на жири комисијата се Славимир Стојановиќ, најнаградуван балкански графички дизајнер, Сергеј Серов, претседател на Московското биенале и на Moscow Design Week, Цинзиа Ферара, претседател на Италијанската асоцијација за визуелни уметности и дизајн, Рене Ванер од Швајцарија и Маџид Абази – Иран.

На годинашниот петти Меѓународен студентски конкурс за плакат на тема „Money for free“ пристигнаа 1.835 апликации од 33 земји. Конкурсот беше објавен во март, а делата се испраќаа до 30 септември. Има 70 финалисти од 16 држави, меѓу кои Иран, Кина, Тајван, Украина, Русија, Белорусија, Франција, Македонија, Португалија. Од Македонија има пет учесници кои влегоа во финалето, а вкупниот број на пристигнати плакати од Македонија е 26.

Од Здружението на графички дизајнери „Плакарт“, информираат дека интересот за овој конкурс секоја година се повеќе се зголемува.

Годинава наградите не се финансиски. Ќе се доделат три подеднакви награди, а за победниците ќе бидат организирани изложби во Македонија. Исто така ќе бидат платени нивниот пат, сместување и организирањето на изложбата.

Би можело да ве интересира

ЖИВО: Судири на улиците на Белград

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата