Грците кои заработуваат повеќе од 42.000 евра годишно ќе треба да плаќаат нова даночна ставка од 42 отсто, се предвидува во нацрт-закон за даночна реформа донесена во парламентот.
Согласно новите правила, новата ставка и висината на приходите го заменуваат претходното ниво од 45 отсто за приходи над 100.000 евра.
Текстот на нацрт-законот беше поднесен во Парламентот синоќа само неколку часа откако министрите за финансии од еврозоната се договорија да рестартираат следна транша за Грција.