Урбан Фест е меѓународен фестивал на живите статуи и останатите… Ова име, фестивалот го доби, бидејќи на него нема да настапуваат само живи статуи, иако тие ќе бидат најприсутни.
На Урбан Фест ќе учествуваат артисти од речиси цела Европа, веќе проверени и докажани на светско ниво, успешни со години во областа на уметноста на живите статуи, ангажирани преку целата година на најразлични фестивали.
Фестивалот ќе трае два дена. Ќе започне на 28.04.2017 (петок) во 19:00 часот.
Во сабота предвидено е фестивалот да започне попладне во 13:30 часот и да трае се до 23:30 часот.
За време на настапот на живите статуи, свој музички сет ќе имаат и DJ Оги и DJ Маци од 19 до 22:30 часот.
Настапот на живите статуи и во двата дена почнува во истиот термин од 19: 00 часот и завршува во 21:00ч.
Во 13:30 часот во сабота во попладне за време на концертот на џез составот од Скопје „Летечки Пекинезери“ ќе настапат и артистите од „Европски Статуа Проект“ каде свое учество земаат повеќемина артисти кои директно ја анимираат публиката присутна на местото каде што се случува фестивалот.
Во текот на денот свој музички сет ќе имаат и DJ Бугимен и DJ Шурбе.
Во 21:00 часот почнува концертот на вокално-инструменталниот состав „Фолтин“ кој ќе трае до 22:30 часот.
На Урбан Фест свое учество ќе земат и младите сараевчани „Бетонци“. Млади уметници кои се веќе докажани со својата уметност.
„Бетонци“ ќе цртаат 3D ликовна уметност на „Сквер Јадран“. Својот цртеж тие ќе го завршат во сабота во 14:30 часот.
Урбан Фест е под покровителство на Општина Центар, а во организација на „Театроск“ продукција за улична уметност од Скопје.