Кривична пријава и притвор за скопјанец кој продавал марихуана

Од:

Кривична пријава и 30-дневен притвор добил 49-годишниот скопјанец Г.П. осомничен дека неовластено набавил 9,8 килограми марихуана со намера да ја препакува во помали кесички и на улица да им ја продава на уживатели од Скопје.

Судија на претходна постапка на пријавениот му одредил мерка притвор од 30 дена за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Како што соопшти МВР, пријавениот Г.П., кој претходно е пријавуван за имотни деликти, во октомври минатата година од засега непознато лице набавил поголема количина марихуана со намера улично да ја продава на уживатели од Скопје.

Препакуваната дрога тој ја чувал во куќа во село Горно Лисиче. Откако Единицата за недозволена трговија добила сознание дека тој веќе почнал да ја продава дрогата на уживатели од Скопје, презела мерки и активности за обезбедување материјални докази.

– Така, на 5-ти овој месец пријавениот бил забележан како управува возило со уште едно лице кое било со него во централното градско подрачје. Тој бил сопрен на бул. „Крсте Мисирков“ и легитимиран од полициски службеници од Единицата. По извршениот преглед на лицата и возилото, во предниот дел под хаубата, поточно во кутијата за парно, била пронајдена една поголема најлонска кеса со марихуана, по што лицата биле приведени во службените простории на Единицата. Истиот ден, со наредба од судија на претходна постапка, извршен бил претрес во домот и другите простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени 21 пакување марихуана наменета за улична продажба, информира МВР.

По извршеното вештачење на пронајдената и одземена наркотична дрога било утврдено дека пронајдената марихуана во возилото на пријавениот е со вкупна нето тежина од 5,1 килограми, додека пронајдените пакувања во неговиот дом се со вкупна нето тежина од 4, 76 килограми.

Би можело да ве интересира

Скопската полиција заплени 6,2 килограми марихуана и 442 таблети екстази

Четири килограми марихуана пронајдени во гаража во Скопје

Кривична за жител на дебарското село Отишани, поради поседување марихуана

Горан Наумовски

Полицијата уапси дилер во Штип, пронајдена е дрога во неговиот дом

Горан Наумовски

ОЈО: 22-годишник од Тетово е осомничен дека поседувал марихуана, одреден му е 30 дневен притвор

Му носела дрога на мажот во затворот Идризово – Уапсена 40 годишна скопјанка

Анита Петровска Рајковиќ