Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи пад на најновата рејтинг листа на ВТА објавена денеска. Таа се наоѓа на 200. место со 257.
Ѓорческа минатата седмица настапи на ВТА турнир во Биел, Швајцарија, но не освои доволни поени да го задржи претходниот пласман (191.место).
И во конкуренција на двојки македонската тенисерка има пад од едно место и сега со 559 поени се наоѓа на 136. позиција.
Втората македонска тенисерка која има ранг на ВТА листата, Магдалена Стоилковска се наоѓа на 1.237 место со 3 бода во сингл и на 1.185 со 7 бода во двојки.