Кошаркарите на Чикаго поведоа на стартот на плеј-офот во пресметката со Бостон откако ноќеска славеа победа на теренот на најдобриот тим на Истокот во регуларниот дел од сезоната.
„Биковите“ до значајниот триумф дојдоа по двете серии, прво на почетокот на втората четвртина направија 10-0, а потоа во финишот на мечот кога постигнаа осум поени без да примат кош.
На другите три средби победи запишаа екипите кои беа домаќини.
Резултати во 1.коло од разигрувањето за титулата во НБА лигата:
Вашингтон – Атланта 114:107,
Голден Стејт – Портланд 121:109,
Бостон – Чикаго 102:106 и
Хјустон – Оклахома 118:87.
Серијата трае до четири победи.