Неизвесен настапот на Федерер на „Ролан Гарос“

Од:

По освојувањето на Мастерсите во САД (Индијан Велс и Мајами), Роџер Федерер одлучи да направи пауза до „Ролан Гарос“, но се уште е неизвесно дали ќе учествува во вториот Грен слем турнир во сезоната.

Швајцарскиот тенисер во Дубаи продолжува да се подготвува за претстојните обврски.

– До 10 мај во консултации со мојот тим ќе одлучам дали ќе играм на Ролан Гарос или ќе го пропуштам турнирот. Не сакам да се појавам во Париз за само колку да се рече дека сум учествувал. Само ако бидам целосно подготвен и мотивиран ќе играм, вели Федерер.

Негова цел е освојување на осмата титула на „Вимблдон“ и во таа насока ќе биде подреден настапот на „Ролан Гарос“.

– Кога времето е убаво, подлогата во Париз е многу брза, речиси како на „Вимблдон“. Во овој случај, би можел да ја играм мојата препознатлива агресивна игра и тоа би можело да биде подготвка за тоа ѓто следи на трева, истакна Федерер

Би можело да ве интересира

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

Алкараз шампион на Ролан Гарос

Алкараз го совлада Синер за големото финале на Ролан Гарос

Во историски меч до три часот наутро Ѓоковиќ направи голем пресврт и се пласираше во осминафиналето

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Руското чудо од дете блеска и на Ролан Гарос

Предраг Петровиќ

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ