Повик за обуки за пчеларство во Источниот плански регион

Од:

Програмата за зачувување на природата во Македонија организира обука за млади невработени лица кои во иднина би сакале да се занимаваат со пчеларство. За таа цел објавен е повик за кандидати кои сакаат да земат учество во обуките, а се однесуваат на невработени лица до 35-годишна возраст. Обуките можат да ги посетуваат и припаднички од женскиот пол и за нив не е определена старосна граница. Кандидатите треба да имаат постојано место на живеење во Берово, Виница, Делчево, Зрновци, Карбинци, Кочани, Македонска Каменица, Пехчево, Пробиштип, Чешиново – Облешево и Штип.

Како што информира Јасминка Пашалиска- Андонова, координатор на проектот, со оваа активност Програмата за зачувување на природата во Македонија сака да го помогне економскиот развој на регионот, како и да ги потенцира можностите и придобивките на жителите од Источниот плански регион (ИПР) од одржливото управување со природните ресурси.

Повикот е отворен до 26 април, а обуката ќе се организира во периодот од мај до септември 2017, во определени работни денови, а програмата за обуката предвидува теоретски предавања и практична обука кои ќе бидат распределени во 10 модули. Обуката ќе се реализира на пчеларник кој се наоѓа во близина на вештачкото езеро Гратче во Кочани.

Би можело да ве интересира

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Ана Ололовска

Во Делчево тибина за заштита на пчелите

Ана Ололовска

Обука на пчеларите од Македонска Каменица

Наум Локоски

Поморот на пчелните семејства и нелојалната конкуренција, теми на Годишното собрание на пчеларите

Ана Ололовска

АХВ да го провери квалитетот на медот во маркетите, бараат пчеларите

Ана Ололовска

„Денови на македонскиот мед 2015“

Ана Ололовска