Општина Центар го одбележа Светскиот ден на уметноста

Од:

По петти пат во светот, а по трет пат во Република Македонија, во организација на општина Центар и Асоцијацијата ИКОН, се одбележа Светскиот ден на уметноста.

Климе Коробар од ИКОН се заблагодари за поддршката од општина Центар, посочувајќи дека годинава, тематската изложба на 20 македонски уметници е религијата и уметноста.

„Светскиот ден на уметноста е поттик на сегашните и идните генерации да ја осознаат важноста на уметноста низ вековите. Во Република Македонија од особена важност е одбележувањето на Светскиот ден на уметноста, затоа што живееме во општество кое е поделено по етничка, верска, партиска и за жал, по социјална основа, а уметноста е таа која што не знае за вакви поделби, уметноста е таа која обединува. Општина Центар со задоволство учествува во одбележувањето на овој ден“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

Општина Центар изработи каталог со делата на уметниците.

Светскиот ден на уметноста се одбележува на 15-ти април, бидејќи тоа е роденденот на Леонардо Да Винчи, безвременска личност како сликар, скулптор, мислител, писател, иноватор, математичар и филозоф.

Изложбата ќе биде отворена во наредните 15 дена во Националната Галерија во Мала Станица.

Би можело да ве интересира

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните